Elena Teslova
17 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Русија денес во одмазднички потег прогласи двајца фински дипломати за непожелни и ја обвини скандинавската земја за „конфронтирачки“ став кон Москва, јавува Агенција Анадолија (АА).
Финската амбасадорка Анти Хелантер беше повикана од руското Министерство за надворешни работи и ѝ беше врачена нота со која на дипломатите им се наредува да ја напуштат Москва.
Министерството во соопштението наведе дека остро го осудува претходното „неосновано протерување на руски дипломати од Финска“, како дел од антируската кампања на Европската Унија.
Руското Министерство го осуди „конфронтирачкиот“ став на Финска кон Русија, особено испораката на оружје во Украина и, како што се наведува, напорите за прикривање на „злосторствата на украинските националисти врз цивилното население во Донбас и Украина“.