Şerife Çetin
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
БРИСЕЛ (АА) - Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов, и со ерменскиот министер за надворешни работи, Зохраб Мнатсаканјан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава се наведува дека Борел истовремено разговарал со министрите за надворешни работи на двете земји.
Се истакнува дека Борел упатил сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите во судирите и повика на „прекин на вооружениот конфликт од обете страни и избегнување на изјави кои би ги зголемиле тензиите.“ Борел додаде дека сите регионални актери треба да се стремат кон оваа мировна цел, и дека е важно страните да комуницираат директно.
Во соопштението, исто така, се истакнува дека Борел ја истакнал важноста за враќање на преговорите за Нагорно Карабах.