Şenhan Bolelli
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
МАДРИД (АА) - Министерство за здравство на Шпанија соопшти дека во последните 24 часа се откриени 730 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци на Министерството за здравство за Ковид-19, во последното деноноќие регистрирани се 730 новозаразени со вирусот, со што вкупната бројка достигна 267.551.
Министерството, исто така, соопшти дека во последните 24 часа во земјата од вирусот починале две лица, со што вкупната бројка се зголемила на 28.426.
По објавените податоци, шпанските медиуми истакнаа дека ова е најголемиот број на евидентирани случаи на Ковид-19 во земјата откако на 21 јуни беше укината вонредната состојба.
Нагласено е дека моментално во земјата има 200 активни случаи.
- Состојбата во Португалија -
Португалската Влада соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале пет лица, а вкупниот број на смртни случаи се зголемил на 1.702.
Во последното деноноќие откриени се 252 новозаразени со Ковид-19 од кои 85 отсто се регистрирани во главниот град Лисабон и околината.
Бројот на случаи во земјата се зголеми на 49.150, додека бројот на оздравени лица се искачи на 33.999.