Bahtiyar Abdülkerimov
12 Мај 2021•Ажурирај: 14 Мај 2021
ТАШКЕНТ
Седум лица го загубија својот живот во поплавите предизвикани од поројните дождови во планинските зони во Таџикистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Комитетот за итни состојби и цивилна заштита на Таџикистан, поројните дождови предизвикале поплави во планинските зони во земјата.
Во соопштението се наведува дека во поплавите загинале 7 лица во подрачјата на Хатлан, Кулјаб и Хисар.
Се истакнува дека голем број куќи и инфраструктурни градби се оштетени, а дека тимовите за спасување продолжуваат со операциите во поплавените зони.
Според соопштението, со инструкции на претседателот на земјата, Имамали Рахман, формирана е владина комисија под водство на премиерот Кахир Расулзода, со цел откривање и покривање на штетата предизвикана од оваа катастрофа.
93 отсто од териториите на Таџикистан се состојат од планински зони, а во земјата напролет и наесен се случуваат поплави и свлечишта, кои резултираат со загуба на животи.