Ahmet Sait Akçay,Can Erözden
18 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
ТАШКЕНТ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи денес најави зближување со Ирак, по несогласувањето околу присуството на турските трупи во пресрет на операцијата за ослободување на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Мевлут Чавушоглу даде изјава за новинарите за време на состанокот на Организацијата на министри за исламска соработка (ОИК) во Ташкент, Узбекистан.
„Наместо реторички забелешки едни против други, ние го покажавме нашето разбирање за ставање на прашањето во неговиот вистински контекст“, рече тој, додавајќи дека несогласувањето околу стационирањето на турските трупи во кампот во Башика, североисточно од Мосул, е вештачка дебата.
„Делегации од Анкара и од Багдад ќе се сретнат оваа недела со цел да се реши прашањето“, продолжи Чавушоглу.
Турција има камп во Башика веќе неколку години, каде што ги тренира војниците на Пешмерга и ирачките војници во рамките на подготовките за напад на Мосул, кој започна вчера. Сепак, Багдад често се жалеше во врска со нивното присуство, а минатиот месец изби дипломатски спор околу ова прашање“.
Чавушоглу истакна дека турските сили биле испратени во Башика по барање на локалните власти и рече дека спорот бил разгорен од однесувањето на различните верски деноминативни групи.
Тој, исто така, го повтори противењето на Турција за верските ограноци, прашање значајно за Ирак поради тврдењата дека шиитските милиции го тероризираат сунитското малцинство во земјата во областите ослободени од ДЕАШ.
„Турција ја поддржува независноста на Ирак и неговиот територијален интегритет посилно од која било друга земја“, рече министерот.
Тој понатаму ја повтори загриженоста во врска со можниот пораст на бројот на бегалците од Мосул, во пресрет на битката околу градот и рече дека треба да се направат напори за да се обезбеди сигурно напуштање на нивните домови.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу истакна дека земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) се борат против големиот број терористички организации, како што се Ал Каеда, ДЕАШ, ПКК/ПЈД, Ел-Шебап и Боко Харам.
„И ФЕТО, како и останатите терористички организации, нема ништо заедничко со исламот. Тој само ја фалсификува и ја злоупотребува нашата вера. Потребно е семејството на Организацијата за исламска соработка да покаже силна одлучност наспроти организацијата ФЕТО“.
Во меѓувреме, генералниот секретар на ОИК, Ијад Амин Мадани соопшти дека телото со внимание ја следи офанзивата за Мосул.
„Ние сакаме и се молиме дека оваа операција ќе биде добар пример за единството на Ирак и нема да доведе до дополнителни раселувања покрај стотиците илјади Ирачани раселени досега“, рече тој.
Тој исто така ги осуди тековните политики на Израел за населување и изјави: „Сегашната суровост против нашите браќа во окупираната палестинска територија ќе биде меѓу прашањата за кои ќе се дискутира на конференцијата“.
Тој додаде: „Ние сме соочени со реалноста на Газа, која стана голем затвор под отворено небо во Палестина. Соочени сме со реалноста на бегалските кампови со Палестинци... Треба да ставиме крај на оваа неправедна и хронична состојба“.
Основана во 1969 година, ОИС има 57 земји-членки и работи за заштита на интересите на муслиманскиот свет.