Islam Uddin
17 Март 2026•Ажурирај: 18 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Тајван денес соопшти дека биле детектирани 30 кинески воени авиони и девет бродови во околината на островот, јавува Анадолу.
Во соопштението на тајванското Министерство за одбрана се наведува дека биле детектирани 28 летови на авиони на Народноослободителната војска на Кина кои оперирале во близина на Тајван.
Се додава дека „21 од тие 28 авиони ја преминале средната линија на Тајванскиот Теснец и навлегле во северната, централната, југозападната и источната зона за идентификација на противвоздушната одбрана (ADIZ) на Тајван“.
Тајванските вооружени сили „ја следеа ситуацијата и соодветно реагираа“, се вели во соопштението објавено на социјалната платформа Х.
Во претходното соопштение објавено рано изутрина, Министерството наведе дека биле детектирани и два авиони на Народноослободителната војска на Кина, осум бродови на морнарицата на Народноослободителната војска и еден официјален владин брод кои оперирале околу Тајван.
Засега нема итна реакција од страна на Кина.
Кина го смета Тајван за своја „отцепена провинција“, иако Тајпеј има сопствена власт од 1949 година. Пекинг вети дека ќе го обедини островот со копното, не исклучувајќи ја и употребата на сила доколку е потребно тоа.