свет

Израел тврди дека e убиen водачот на иранските сили Басиџ во ноќен напад

Во соопштението издадено од Армијата се вели дека Сулејмани бил „елиминиран“ во напад извршен во текот на ноќта

Lina Altawell  | 17.03.2026 - Обновена : 18.03.2026
Израел тврди дека e убиen водачот на иранските сили Басиџ во ноќен напад

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската Армија денес соопшти дека во воздушен напад е убиен Голамреза Сулејмани, командантот на иранските сили Басиџ, јавува Анадолу.

Во соопштението издадено од Армијата се вели дека Сулејмани бил „елиминиран“ во напад извршен во текот на ноќта.

Израелските медиуми претходно објавија дека Солејмани и високиот ирански безбедносен претставник Али Лариџани биле цел на ноќните напади извршени од Израел.

Иранските власти не дадоа веднаш одговор на ова тврдење.

Тензиите во регионот нагло ескалираа откако Израел и САД на 28 февруари започнаа заеднички напади врз Иран, во кои досега се убиени околу 1.300 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи човечки жртви и штети на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın