Sayed Khodaberdi Sadat
26 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
КАБУЛ (АА) – Во напад на талибанските милитанти врз полициски конвој во провинцијата Фарах, во западниот дел на Авганистан, животот го загубија 18 авганистански полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Дадула Кани, официјален претставник од провинцијата Фарах, за АА изјави дека милитантите поставиле заседа за полицискиот конвој којшто се движел од центарот на Фарах кон областа Лаш Кавин.
Кани соопшти дека во нападот загинале 18 полицајци, а меѓу нив се наоѓал и Мухамед Икбал, началникот на полицијата на областа Лаш Кавин.
Талибанските милитанти, пак, објавија соопштение во кое тврдат дека во нападот се убиени 25 полицајци.