Muhammet Kurşun
26 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
ЕХЕРАН (АА) - Бројот на повредени во земјотресот со интензитет од 6,4 степени што вчера ја потресе иранската покраина Керманшах изнесува 729 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави иранската државна телевизија заснована врз информациите на Институтот за прва помош, во земјотресот што ја потресе покраината Керманшах повредени се 729 лица, од кои 372 лица во местото Сарпол-е-Зохаб, 170 во Гилан-и-Гарб, 109 во Касре-Ширин, 54 во западен Исламабад и 24 лица во останатите подрачја.
Во веста се вели дека нема загинати во земјотресот, а поради последователните земјотреси, луѓето вечерта ја минале во шаторите поставени од страна на иранската Црвена полумесечина.
Центарот за сеизмологија на Геофизичкиот институт при Техеранскиот универзитет вчера соопшти дека епицентарот на земјотресот се случил во руралните делови на Сарпол-е-Зохаб во покраината Керманшах, на длабочина од 7 километри.
Потресот се случил во 20:07 часот по локално време и бил со интензитет од 6,4 степени.
По потресот од 6,4 степени, синоќа се случиле 148 последователни потреси, меѓу кои 7 биле со интензитет меѓу 4 и 5,5 степени.
На 12 ноември 2017 година, на иранско-ирачката граница се случи силен земјотрес со интензитет од 7,3 степени. Епицентарот на земјотресот се случи во подрачјето на ирачката област Алепо. Во тој потрес во Иран животот го загубија повеќе од 620 лица, а над 9.000 лица беа повредени. Во земјотресот, 559 лица загинаа во местото Сарпол-е-Зохаб.