İnci Gündağ
18 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
ЛОНДОН (АА) - Во несреќата што настана при судир на авион и хеликоптер во Англија, животот го загубија 4 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата што ја даде полицијата задолжена за обезбедувањето на Долината на Темза, несреќата се случила северозападно од Лондон, во подрачето на Бакингемшир, во близина на градот Ејлсбери во 12:06 часот по локално време (13:06 по средноевропско време).
Полицијата соопшти дека судирот настанал меѓу хеликоптер и лесен авион од типот Cessna 152, додавајќи дека во несреќата животот го загубија 4 лица, од кои 2 лица кои се наоѓаа во хеликоптерот и 2 лица кои летаа со авионот.
Полицијата соопшти дека во оваа фаза од истрагата нема да бидат дадени подетални информации за идентитетот и полот на настраданите.
Во соопштението не се дадени ниту информации за екипажот во леталата.
Одделот за истраги за воздухопловни несреќи во Британија (AAIB) објави дека е започната заедничка истрага со полицијата.
Соопштението беше дадено во Воздушниот парк Викомб кој се наоѓа во близина на местото на несреќата. Во соопштението се истакнува дека и двете летала биле цивилни.