Burak Dağ
10 Март 2024•Ажурирај: 12 Март 2024
АНКАРА (АА) - Стотици претставници на академската заедница во Израел ја повикаа владата на таа земја да преземе итни мерки против гладта во Појасот Газа, премесува Анадолу.
Весникот „Харец“ објави дека 730 израелски академици потпишале петиција започната како апел кон владата на Бенјамин Нетанјаху за преземање итни мерки против гладта во блокираниот Појас Газа.
Потписниците на петицијата ја повикаа израелската влада да преземе итни мерки против гладта пред хуманитарната катастрофа во Појасот Газа да излезе од контрола, предизвикувајќи масовни смртни случаи и претворајќи се во неизбришлива дамка.
Во повикот се нагласува и дека треба да бидат ослободени заробениците што Хамас ги држи во Газа.
Меѓу оние што ја поддржаа кампањата се и ректорот на Универзитетот во Тел Авив, Ариел Порат и претседателот на Израелската академија за хуманистички науки, проф. д-р Давид Харел.