свет

Стотици илегални еврејски доселеници упаднаа во џамијата Ал Акса под заштита на полицијата

Десничарските израелски екстремистички групи претходно повикаа на масовни упади во џамијата по повод Пасха

Rania R.a. Abushamala  | 25.04.2024 - Обновена : 27.04.2024
Стотици илегални еврејски доселеници упаднаа во џамијата Ал Акса под заштита на полицијата

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Најмалку 700 илегални еврејски доселеници упаднаа во џамијата Ал Акса во окупираниот Кудс (Ерусалим) утрово, за време на еврејскиот празник Пасха, јавува Анадолу.

„Досега 700 екстремисти упаднаа во благословената џамија Ал Акса со континуирани и провокативни групи“, соопшти Управата за исламски вакаф во Ерусалим.

Управата додаде дека упадот се случува во период на „строги мерки и ограничувања за влез на муслимански верници од страна на окупаторската полиција“.

Од првиот ден на празникот Пасха, кој започна во понеделникот вечерта и трае една недела, стотици илегални доселеници секојдневно упаѓаат во џамијата Ал Акса под силно полициско обезбедување, предизвикувајќи големи тензии во различни делови на старото јадро на Ерусалим (Кудс).

Вчера (среда) во Ал Акса упаднаа 704 илегални доселеници. Десничарските израелски екстремистички групи претходно повикаа на масовни упади во џамијата по повод Пасха.

Палестинците тврдат дека Израел ги интензивира рапидните мерки за јудаизирање на Ерусалим, вклучително и џамијата Ал Акса, за да го избрише неговиот арапски и исламски идентитет.

Пасха, која го одбележува егзодусот на Израелците од Египет за време на божјиот пратеник Мојсеј, се смета за еден од најважните празници во еврејскиот верски календар.

Од 2003 година Израел дозволуваше илегалните доселеници да влегуваат во комплексот речиси секојдневно, со исклучок на петок и сабота.

Џамијата Ал Акса е трето најсвето место во светот за муслиманите. Подрачјето Евреите го нарекуваат „Ридот на храмот“, тврдејќи дека тоа било место на два еврејски храма во древно време.

Израел го окупира Источен Ерусалим (Источен Кудс), каде што се наоѓа Ал Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектираше целиот град во 1980 година, потег што меѓународната заедница не го прифати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.