Behlül Çetinkaya
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
ИСЛАМАБАД
Пакистанскиот министер за железници, Шејх Рашид Ахмед, истакна дека е запрен железничкиот сообраќај меѓу пакистанскиот град Лахор и индискиот Делхи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на прес-конференција, Ахмед истакна дека по укинувањето на специјалниот статус на сојузната држава Џаму и Кешмир од страна на Индија, во согласност со одлуките за санкции донесени на Советот за национална безбедност, стопиран е железничкиот сообраќај. Тој, исто така рече дека вагоните на „Самјхота експрес“, кој сообраќаше до Делхи, ќе бидат распоредени на други линии, кои дополнително се пуштени заради Курбан бајрам.
Ахмед потсети дека железничкиот сообраќај меѓу двете земји бил стопиран во февруари поради настанатите тензии и дека повторно бил пуштен една недела подоцна.
„Сѐ додека јас сум министер за железници, оваа линија нема да биде пуштена во сообраќај. Следните месеци се многу значајни. Можно е да има војна. Ние не сакаме да има војна, ама ако избувне, таа војна ќе биде последна“, нагласи Ахмед.
Линијата, која се обраќа во правецот Лахор-Амритсар-Делхи, отворена е во 1976 година и при секоја криза се затвора делумно или целосно.
Индиската администрација претходно железничката линија ја прекинуваше по местото Атари, првата станица откако ќе се премин границата, додека пак пакистанската Влада, претходно донесуваше одлука за целосно прекинување на железничкиот сообраќај меѓу двете земји.
Бидејќи линијата е отворена во 1976 година по потпишувањето на Договорот од Шимла со кој цел да се стави крај на непријателското однесување меѓу двете земји се именува и како „Експрес на пријателството“.
Индија во понеделникот го укина членот 370 од индискиот Устав, со кој повеќе од половина век ѝ се даваат привилегии на државата Џаму и Кашмир.