Atila Altuntaş
09 Декември 2019•Ажурирај: 10 Декември 2019
СТОКХОЛМ (AA) - Новинари и академици од различни земји од светот во Стокхолм побараа на австрискиот автор Петер Ханде да му се одземе Нобеловата награда за книжевност поради негирање на геноцидот, извршен во јули во 1995 година во Сребреница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинари и академици се собраа во зградата на АБФ во Стокхолм.
Меѓу присутните беше Алида Бремер, германски писател со хрватско потекло, германската и француската новинарка Елке Шмитер и Флоренс Хартман, американскиот новинар Рој Гурман, Емир Суљагиќ, директор на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари, шведската новинарка Кристина Доктаре, членот на норвешкиот Хелсиншки комитет Енвер Џулиман, како и Мирсад Дуратовиќ, претседател на Регионалниот сојуз на Здружението на логораши на регионот Бањалука.
Во име на собраната група говореше босанско-херцеговскиот политичар, кој живее во Шведска, Ален Мусаефендиќ. Порача дека собраните бараат на Хандке да му се одзеде наградата бидејќи ги поддржува српските воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина.
Смета дека е неприфатливо Шведската академија на науките да награди писател кој го негира геноцидот во БиХ, кој го прифатил целиот свет.
„Тука се собраа важни светски писатели и академици за да реагираат на ваквата ситуација. Се бара повлекување на наградата", рече Мусаефендиќ.
Поранешниот секретар на Шведската академија на науките Петер Енглунд, која ја доделува Нобеловата награда за книжевност, во петокот рече дека ќе го бојкотира овогодинешното доделвуање поради одлуката наградата да му се додели на австрискиот писател Петер Хандке кој го поддржуваше српскиот претседател Слободан Милошевиќ.
Косово, Албанија, Турција и Хрватска соопштија дека нема да присуствуват на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм поради контроверзниот овогодишен добитник на Нобеловата награда за книжевност, Петер Хандке.
Овогодишниот добитник на Нобеловата награда за книжевност, австрискиот книжевник Петер Хандке, познат е по контроверзните ставови за случувањата на овие простори, односно по тоа што го негираше геноцидот во Сребреница и се залагаше за одбрана на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија и обвинет од Хаг за воени злосторства.
Доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, во Косово и во регионот предизвика бројни негативни реакции, а одржан е и протест пред Амбасадата на Шведска во Приштина.
Голем протест против Шведската академија најавен е за 10 декември во Стокхолм, кога на добитниците ќе им биде врачена Нобеловата награда.