свет

Аманпур со фотографија од Сребреница: „Бев таму, сите ние знаеме кој е виновен"

Објавата е реакција на доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на контроверзниот овогодишен добитник Петер Хандке

Vesna Besiç  | 10.12.2019 - Обновена : 10.12.2019
Аманпур со фотографија од Сребреница: „Бев таму, сите ние знаеме кој е виновен"

САРАЕВО (AA) - Познатата новинарка на Си-ен-ен (CNN) Кристин Аманпур, која за оваа телевизија со години известувала за војните ширум светот, помеѓу останатото и во текот на агресијата на Босна и Херцеговина (БиХ), порача дека се знае кој е виновен за геноцидот кој се случил во Сребреница во 1995 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Бев таму. Сите ние знаеме кој е виновен", напиша Аманпур на социјалната мрежа Твитер, објавувајќи и фотографија на кој се наоѓа на гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница -Поточари, во БиХ.

Објавата е реакција на доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на контроверзниот овогодишен добитник Петер Хандке.

Овогодинашниот добитник на Нобеловата награда за книжевност, австрискиот книжевник Петер Хандке, познат е по контроверзните ставови за случувањата на овие простори, односно по тоа што го негираше геноцидот во Сребреница и се залагаше за одбрана на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија и обвинет од Хаг за воени злосторства.

На доделувањето на Нобеловата награда утре нема да присуствуваат ниту Косово, Албанија, Турција и Хрватска, најавија од нивните амбасади во Стокхолм, главниот град во Шведска.

Доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, во Косово и во регионот предизвика бројни негативни реакции, а одржан е и протест пред Амбасадата на Шведска во Приштина.

Голем протест против Шведската академија најавен е за 10 декември во Стокхолм, кога на добитниците ќе им биде врачена Нобеловата награда.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.