Ekipa
10 Декември 2019•Ажурирај: 11 Декември 2019
ПРАГА (АА) - Во чешкиот град Острава извршен е вооружен напад во една болница. Во нападот животот го загубија 6 лица, а 2 лица се потешко ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави Чешкото радио, во градот Острава неидентификувано лице извршило вооружен напад во една болница.
Полицијата првенствено соопшти дека во нападот загинале 4 лица. Подоцна Министерството за внатрешни работи информираше дека во нападот животот го загубиле уште две лица, со што бројот на загинати се искачи на 6 лица.
Во нападот потешко се повредени најмалку уште 2 лица, а напаѓачот избегал од местото на настанот. Полицијата започна широкоопсежна операција за приведување на напаѓачот.