свет

Зариф: „Спремни сме за поширока размена на заробениците со САД"

Властите и на Иран и на САД во сабота договорот за размена на затвореници истовремено го ослободија американски студент и ирански научник

Muhammet Kurşun  | 09.12.2019 - Обновена : 10.12.2019
Зариф: „Спремни сме за поширока размена на заробениците со САД"

ТЕХЕРАН (AA) - Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф изјави дека се спремни за поширока размена на затворениците со Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).

„По донесувањето на нашите затвореници дома, спремни сме за поширока размена на заробениците со Соединетите Држави", напиша Зариф на социјалната мрежа Твитер.

Властите и на Иран и на САД во сабота договорот за размена на затвореници истовремено го ослободија американски студент и ирански научник.

Зариф тој ден објави дека иранскиот научник Масуд Сулеимани, кој е во САД веќе година дена, пуштен е на слобода.

Иранскиот експерт за матични ќелии Сулеимани е уапсен минатата година во САД под обвинение за кршење на американските санкции изречени на Иран.

Од друга страна, американскиот студент со кинеско потекло Ванг уапсен е во Техеран во 2016 година под обвинение за шпиунажа.

Американскиот претседател Доналд Трам ја потврди информацијата за ослободувањето на Ванг.

„Им се заблагодаруваме на нашите швајцарски партнери кои помогнаа во преговорите со Иран за ослободување на Ванг", порача Трамп.

Американско-иранските односи дополнително се влошени во 2015 година откако Трамп донесе одлука за повлекување на САД од меѓународниот Договор за иранската нуклеарна програма и ги обнови санкциите кон Техеран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın