Atila Altuntaş
09 Декември 2019•Ажурирај: 10 Декември 2019
СТОКХОЛМ (АА) - Амбасадорот на Турција во Стокхолм, Хакки Емре Јунт, истакна дека нема да учествува на церемонијата за доделување на Нобеловата награда поради австрискиот книжевник Петер Хандке кој го негира геноцидот во Босна и Херцеговина, и кој во секоја пригода ја истакнува неговата поддршка за поранешкиот српски лидер Слободан Милошевиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Уште една реакција против Хандке кој се подготвува на 10 декември да ја прими Нобеловата награда за книжевност за 2019 година од шведскиот крал Карл XVI Густаф дојде и од турскиот амбасадор во Стокхолм, Јунт.
Јунт во изјава за Агенција Анадолија рече дека добил покана за учество на оваа церемонија, но, како што рече тој, нема да учествува на церемонијата за доделување на Нобеловата награда.
Исто така, од Амбасадата на Албанија во Стокхолм соопштија дека нема да учествуваат и дека ќе ја бојкотираат церемонијата која ќе се одржи на 10 декември, со цел поддршка за блиските на жртвите во Босна.
Меѓу другото, шведската државна телевизија СВТ потсети дека Турција преку порака ја осуди одлуката за доделување на Нобеловата награда на Хандке. Шведската телевизија ја објави и пораката на англиски јазик на Министерството за одбрана на Турција на Твитер.