свет

„Сѐ додека Авганистан има потреба од Турција и НАТО, ние ќе ја продолжиме нашата поддршка“

„Авганистан моментално поминува низ сензитивен процес. На меѓународен план се направени различни напори за мир. За жал некои обиди пред изборите беа неуспешни", истакна Чавушоглу

Çiğdem Alyanak  | 09.12.2019 - Обновена : 10.12.2019
„Сѐ додека Авганистан има потреба од Турција и НАТО, ние ќе ја продолжиме нашата поддршка“

ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека сѐ додека Авганистан има потреба од Турција и НАТО, тие ќе ја продолжат нивната поддршка и нивното присуство таму, јавува Агеција Анадолија (АА).

Чавушоглу заедно со заменик министерот за надворешни работи на Авганистан, Идрис Заман, одржаа заедничка прес-конференција по 8. Министерска конференција „Срцето на Азија - Истанбулскиот процес“ во палатата Долмабахче во Истанбул.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека Авганистан моментално поминува низ сензитивен процес.

„На меѓународен план се направени различни напори за мир. За жал некои обиди пред изборите беа неуспешни. Се надеваме овие иницијативи ќе ја подготват потребната средина за започнување на значаен процес меѓу сите авганистански чинители“, рече Чавушоглу.

Тој изрази надеж дека напорите кои ќе се направат во наредниот процес ќе донесат постојан мир и спокојство во Авганистан.

Нагласувајќи дека не се објавени резултатите од претседателските избори кои се одржаа на 29 септември во Авганистан, Чавушоглу истакна дека праведното и транспарентно спроведување на процесот на броење на гласови е важно за иднината на Авганистан.

Според него, кој и да дојде на функција по изборите во оваа земја, тие како Турција уште повеќе ќе ја зајакнат соработката и поддршката за Авганиситан.

„Сѐ додека Авганистан има потреба од Турција и НАТО, ние како Турција ќе ја продолжиме нашата поддршка и нашето присуство таму“, додаде Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın