Şenhan Bolelli
02 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
МАДРИД (АА) – Во двата најголеми града на Шпанија, Мадрид и Барселона, стапи во сила забраната, старите возила што немаат картичка за животна средина, да влегуваат во градските центри, за да се спречи загадувањето на воздухот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во главниот град Мадрид, еден од градовите каде што има големо загадување на воздухот, од 1 јануари во градските центри не ќе можат да влегуваат автомобили бензинци постари од 2000 година и дизел постари од 2006 година.
Возилата што имаат право за влез во центарот на градот, од Генералниот директорат за сообраќај ќе треба да си обезбедат еколошка картичка.
На електрични и хибридни возила, кои се нарекуваат еколошки, ќе им биде дозволено да се паркираат покрај патиштата во центарот на градот, додека другите возила ќе мора да ги користат паркинзите.
На оние што живеат во центарот на градот им е дозволено своите возила да ги паркираат само во својата населба.
Предвидена е казна од 90 евра за возилата што нема да ја применуваат регулативата.
Во вториот по големина град во земјата, Барселона, казните за возилата ќе се движат од 100 до 150 евра.
Во општина Барселона, возилата што нема да ја применуваат регулативата до 1 април, ќе бидат предупредени, потоа ќе бидат казнувани.
Со новата регулатива за намалување на загадувањето на воздухот, во Мадрид, 42 илјади возила, а во Барселона 55 илјади стари возила ќе бидат спречени да влегуваат во центарот на градот.