Associated Press
22 Февруари 2023•Ажурирај: 23 Февруари 2023
ПАРИЗ (АА) - Средношколец со нож уби професорка по шпански јазик во југозападна Франција, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Француските медиуми објавија дека ученик, роден во 2007 година, рекол дека слушнал гласови кои му велат да ја убие 53-годишната професорка по шпански јазик во приватното Католичко училиште „Сен Жан де Луз“.
Полицијата соопшти дека приведениот напаѓач има сериозни проблеми со менталното здравје.
Министерот за образование на Франција, Пап Ндијаје, ќе го посети училиштето во кое се случи настанот.
Оливие Веран, портпаролот на француската Влада, во име на Владата ѝ изрази поддршка на образовната заедница и додаде дека настанот претставува траума за нацијата.