Büşra Nur Çakmak
18 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Италијанскиот премиер Марио Драги и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се состанаа во Рим на разговори за евроатлантската безбедност и процесот на адаптација на НАТО во пресрет на Самитот во Мадрид на 29 и 30 јуни 2022 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во разговорите стана збор и за зајакнувањето на соработката помеѓу НАТО и Европската Унија и улогата на Атлантската алијанса во Медитеранот“, се истакнува во соопштението од Кабинетот на италијанскиот премиер.
Како дел од посетата, Столтенберг денес ќе учествува на Форумот „НАТО-индустрија“ и на одбележувањето на 70-годишнината на Колеџот за одбрана на НАТО.