Hamdi Yıldız
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
ДОХА (АА) - Катар соопшти дека потпишал договор со Египет за испорака на гориво и градежни материјали во Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според катарската официјална новинска агенција КНА (QNA), државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан бин Саад ал Мерихи, истакна дека заедничките напори за соработка имаат за цел да придонесат за подобрување на условите за живот во Газа.
Истакнувајќи дека со Египет потпишале договор за снабдување со основни градежни материјали и гориво за Газа, Ал Мерихи не даде подетални информации за потпишаниот договор.
Ал Мерихи, меѓу другото, ја истакна важноста на олеснувањето за минување преку граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа.
Наведувајќи дека Катар работи на обезбедување на сите потребни услови за достоинствен живот на братскиот палестински народ, Ал Мерихи нагласи дека за таа цел се во постојана комуникација со меѓународните организации.
Тој потсети дека досега за Газа се обезбедени 1,5 милијарди долари за различни инфраструктурни проекти од областа на здравството, образованието, домувањето, индустријата, земјоделството, патната инфраструктура и градежништвото.