Hasan Esen
25 Мај 2017•Ажурирај: 26 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, и со претседателот на Европскатa комисија, Жан-Клод Јункер, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган беше пречекан пред зградата на Европската комисија, каде што се одржа средбата со Туск.
Јункер го пречека Ердоган пред влезот на салата. Потоа Ердоган, Туск и Јункер се ракуваа пред камерите и ја започнаа средбата.
Според соопштението, на средбата којашто беше затворена за медиумите, а траеше околу еден час, се разговарало во врска со моменталната состојба во односите на Турција со ЕУ, како и за можните чекори што ќе се преземат во иднина.
По средбата со претседателот на Советот на Европа, Донал Туск, и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, Ердоган се состана и со претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Антонио Тајани.

Средбата се одржа во зградата на Советот на Европа и беше затворена за медиумите.
Претседателот Ердоган на средбата беше придружуван од страна на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за ЕУ и главен преговарач, Омер Челик, како и министерот за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак.
На средбата којашто траеше околу 45 минути, било дискутирано за моменталната состојба на односите меѓу Турција и ЕП, како и за можните идни чекори.
Ердоган по оваа средба замина во седиштето на НАТО, за да учествува на Самитот на претседатели на држави и влади на НАТО.