Admir Fazlagic
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерката Шекеринска во Брисел оствари посета на НАТО штабот во Брисел при која реализираше издвоени средби со помошник генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалез и помошник генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Хајнрих Браус, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што информира Министерството за одбрана на Република Македонија, во разговорите со официјалните претставници на НАТО, соговорниците размениле мислења за актуелните процеси во Република Македонија – имплементација на Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија и фокусот на реформи во судството, во разузнавачките и безбедносните служби, слободата на медиумите и транспарентноста, како и за реформските процесите во одбраната.
„Двајцата соговорници упатија силна поддршка за реформски ориентираната Влада на Република Македонија и нејзините напори за исполнување на потребните критериуми во Евро-атлантските интегративни процеси", се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Македонија.
Од таму посочуваат дека средбите се реализирале на маргините на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и земјите учесници во мисијата „Одлучна поддршка“, кој се одржа вчера.
На овој состанок, како што појаснуваат од ресорното министерство, министерката Шекеринска ги истакнала стратешките цели на Република Македонија за членство во НАТО и најавила засилено темпо и реформи кон исполнување на критериумите и стандардите на НАТО, како и зголемен придонес на Република Македонија во операциите на НАТО.