Ekip
18 Јуни 2019•Ажурирај: 21 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Наџла Махмуд, сопругата на поранешниот египетски претседател Мухамед Морси, изрази жалење за својот сопруг, опишувајќи го како шехид, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот прв демократски избран египетски претседател Морси вчера се онесвести и почина во судница.
Тој беше погребан утринава во источниот дел на Каиро, а заради строгата безбедност, на погребот беа присутни само членовите на семејството и адвокатите.
„Го сметаме мојот сопруг, претседателот Мухамед Морси, за шехид“, напиша таа на социјалната мрежа Твитер.