İhvan Radoykov
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
СОФИЈА (АА) - Војник од Канада загина во текот на воената вежба која под закрила на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) се одржува во југоисточниот дел на Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи во текот на воената вежба „Брз одговор 19“ (Swift Response 19) во воздушната база „Чешнигирово“. Падобранот на канадскиот војник не се отворил откако скокнал од авионот.
Уште еден војник од Соединетите Американски Држави (САД) е полесно повреден во истата несреќа.
Началникот на базата „Чешнигирово“, Христо Атанасов, соопшти дека несреќата се случила во текот на ноќта.
Вежбата „Брз одговор 19“ се одржува од 11 до 14 јуни во Бугарија, Романија и Хрватска. Учествуваат речиси 8.000 војници од Северна Македонија, Албанија, Велика Британија, Италија, Канада и Украина. Во вежбата се вклучени најмалку 1.200 оклопни возила и 100 воени авиони.