Fuat Kabakçı
23 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 36 лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Северна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеското Министерство за внатрешни работи соопшти дека несреќата се случила во регионот Хвангхи и во неа загинале 32 државјани на Кина и четворица Севернокорејци.
Во несреќата повредени се уште две лица кои се во животна опасност.
Во соопштението се наведува и дека кинеската Влада е во контакт со властите на Северна Кореја и дека на местото на несреќата е упатена медицинска помош од Пекинг.
Кинеските медиуми јавуваат дека во несреќата учествувал автобус со кинески туристи.