Furkan Naci Top
23 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
АТИНА (АА) - Авганистанските бегалци, што демонстрираа на грчкиот остров Лезбос, беа мета на напади на групите што ги сочинуваат членови на екстремно десничарските партии, пренесува Anadolu Agency (AA).
Грчката новинска агенција АНА-МПА (ANA-MPA) јави дека групата ги нападнала бегалците коишто на плоштадот „Сапфус“ демонстрираа пет дена.
За да ги избрка бегалците од плоштадот, во нередите во текот на ноќта, групата фрлаше пиротехнички средства, камења, стаклени шишиња, а полицијата возврати со користење солзавец и палки.
Голем број бегалци беа ранети и транспортирани до болниците.
Плоштадот по нередот е испразнет, а околу бегалскиот камп „Мориа“ се преземени високи безбедносни мерки.
На островот се наоѓаат околу 9.000 бегалци кои чекаат одговор на барањата за азил. Многу невладини организации укажуваат на недоволните капацитети за сместување и лошите животни услови за бегалците.