Gökhan Kavak
11 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
ИСТАНБУЛ
Мухамед Мукхиер, регионалниот директор на Меѓународната федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC), одговорен за Африка, во својата писмена изјава повика да се преземат итни мерки против кризата со храна и болестите во Сомалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истакнувајќи дека 3 милиони луѓе се соочуваат со криза со храна и болести во земјата која има повеќе од 15 милиони жители, Мукхиер посочи дека повеќе од 800.000 деца под петгодишна возраст се изложени на ризик од неисхранетост доколку не се преземат соодветни мерки.
„Сомалија е едно од најризичните места за живеење. Конфликтите, болестите поврзани со климата и епидемијата на Ковид-19 влијаат врз животот на милиони луѓе“, нагласи Мукхиер.
Наведувајќи дека тие, заедно со Сомалиската асоцијација на Црвената полумесечина и други организации, се во потрага по решение, Мухиер рече дека моменталните расположливи ресурси се недоволни.