Emre Aytekin
11 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
АНКАРА
Високите температури на воздухот кои се очекуваат во Шпанија и Португалија ќе го зголемат ризикот од шумски пожари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Метеоролошките служби предупредија дека сувиот и топлотен бран од Африка тргнува кон Пиринејскиот Полуостров и дека температурите во регионот би можеле да се зголемат на над 40 степени Целзиусови од почетокот на наредната недела.
Португалскиот премиер Антонио Коста истакна дека топлото време ќе го зголеми ризикот од шумски пожари. Потсетувајќи на шумските пожари во кои во земјата во 2017 година загинаа 100 луѓе, Коста апелира до граѓаните да бидат внимателни.
Шпанската метеоролошка служба АЕМЕТ во предупредувањето наведе дека очекува максималните и минималните вредности на температурата да бидат значително над просекот во овој период на годината и дека температурите во некои региони би можеле да се зголемат на над 44 степени Целзиусови.
Топлотниот удар од Северна Африка погоди делови на Југоисточна Европа на крајот на јули.
Големите пожари ги зафатија Алжир, Тунис, Италија, Албанија, Грција и Турција.