Изгаснат пожарот во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ, нема повредени лица
"За среќа немаше жртви, зафатени беа скелињата, бидејќи од надворешниот дел од зградата се вршат градежни работи. Вработените беа на време евакуирани" изјави за АА Влера Ѓакова, објаснувајќи дека сеуште не се знае причината за настанатиот пожар.

Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Изгаснат е пожарот кој избувна утрово во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ на плоштад "Македонија" во центарот на Скопје.Од Секторот за односи со јавноста на ЕВН за АА изјавија дека нема повредени вработени. "Нема повредени пожарникари ниту граѓански лица кои работат во самиот објект, изјави за медиумите по гасење на пожарот претставник од Бригадата за заштита од пожар на Град Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
"За среќа немаше жртви, зафатени беа скелињата, бидејќи од надворешниот дел од зградата се вршат градежни работи. Вработените беа на време евакуирани" изјави за АА Влера Ѓакова од Секторот за односи со јавноста на ЕВН објаснувајќи дека сеуште не се знае причината за настанатиот пожар.
"По примената дојава за настанат пожар во објектот ЕВН, бригада за заштита од пожар на град Скопје. Се работи за комплетно опожарена надворешна фасада.Веднаш се испратени 6 противпожарни возила. Со самото брзо експресно пристигнување на возилата до самиот пожар веднаш е интервенирано бидејќи пожарот од приземје до најгорниот кат комплетно е изгаснат. Нема повредени пожарникари, нуту граѓански лица кои работат во самиот објект , нема проширување на пожарот во самиот објект. Во акцијата учествуваа осум противпожарникарни возила со 18 пожарникари" , изјави претставникт на Бригадата за заштита од пожар на Град Скопје, кој рече дека во внатрешниот дел од зградата нема никакво опожарување во внатрешниот објект опожарена е само фазата внатре нема никаква материјална штета.
Од СВР Скопје информираа дека пожарот настанал денес во 09:45 часот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.