Ekip
25 Септември 2021•Ажурирај: 27 Септември 2021
МОГАДИШУ
Повеќе луѓе загинаа вчера во Могадишу, главниот град на Сомалија, во самоубиствен бомбашки напад со автомобил на контролен пункт во близина на Претседателската палата, соопшти сомалиската полиција, известува Агенција Анадолија (АА).
„Во нападот има повеќе загинати, но не знаеме колку луѓе се убиени или ранети“, изјави за АА преку телефон Абди Хасан Мохамед, полицаец во Могадишу.
Возачот на комбе и очевидец на настанот Гулед Ибрахим, за АА изјави дека видел неколкумина луѓе кои загинале во бомбашкиот напад.
„Експлозијата беше голема. По експлозијата се слушнаа истрели, неколку минути подоцна истрчавме на местото на настанот и глетката беше застрашувачка“, изјави Ибрахим.
Портпаролот на сомалиската полиција потврди дека нападот го извел самоубиец со возило исполнето со експлозив.
Терористичката група „Ал Шабаб“, поврзана со „Ал Каеда“, ја презеде одговорноста за експлозијата кратко време по нападот.
Оваа организација стои зад бројни слични напади низ целата земја.