Ömer Erdem,Nour Gelle Gedi
13 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
МОГАДИШУ
Во јужниот дел на Сомалија, во градот Кисмајо извршен е бомбашки и вооружен напад врз еден хотел. Се зголеми бројот на загинати во нападот. Досега животот гозагубија 26 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ахмед Ислам Мадуби, претседател на покраината Џубаленд, изјави дека бројот на загинати во нападот изведен врз хотел се зголемил на 26, а бројот на ранети изнесува 56 лица.
Тој потврди дека меѓу мртвите се наоѓаат и двајца државјани на САД, еден Британец, Канаѓанин со потекло од Сомалија и тројца Кенијци. Меѓу ранетите има двајца државјани на Кина.
Мадуби рече дека во судирите, кои траеле со часови, убиени се петмина напаѓачи. Едно официјално лице изјави дека во нападот загинале двајца новинари.
Полицијата соопшти дека станува збор за самоубиствен напад изведен со автомобил бомба. Во соопштението се наведува дека вооружените лица влегле во хотелот и потоа се судриле со безбедносните сили.
Во моментот на нападот во хотелот се одржувал состанок на кој учествувале локални претставници и политичари.
Сомалиската милитанска група Еш Шебаб ја презеде одговорноста за смртоносниот напад во Кисмајо, главниот град на провинцијата Џубаленд.
Кисмајо, пристаништен град кој се наоѓа на оддалеченост од 500 километри јужно од главниот град Могадишу, се подготвува за локалните избори закажани за август.