свет

Сомалија: Гувернер избегна самоубиствен напад, тројца загинати

Досега ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот, но властите сметаат дека зад нападот најверојатно стои Ал Шабаб, терористичка организација поврзана со Ал Каеда

Ekipa  | 10.04.2021 - Обновена : 11.04.2021
Сомалија: Гувернер избегна самоубиствен напад, тројца загинати Фото: АА/Архива

МОГАДИШУ (АА) - Гувернер во Сомалија избегна самоубиствен бомбашки напад во кој загинаа најмалку три лица, од кои двајца беа негови телохранители, соопштија денес сомалиските власти, јавува Агенција Анадолија (АА).

Уште пет лица се ранети кога бомбаш-самоубиец го активираше експлозивот пред хотел во Баидоа, главниот град на сомалискиот регион Беј и административен главен град на федералната сомалиска држава Југозападна Сомалија.

„Али Вардере Дујов, гувернерот на регионот Бај, беше цел. Гувернерот не е повреден, но двајца негови телохранители и уште едно лице починаа“, изјави за Агенција Анадолија Мухамуд Адан Ибрахим, полициски службеник во Баидоа.

„Петтемина повредени лица се цивили и тие се префрлени во болница“, соопшти Адан Ибрахим.

Баидоа се смета за еден од најголемите градови на Сомалија, на околу 240 километри југозападно од главниот град Могадишу.

Досега ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот, но властите сметаат дека зад нападот најверојатно стои Ал Шабаб, терористичка организација поврзана со Ал Каеда.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.