свет

„Дер Шпигел“: За случајот со протоколот во Анкара виновни се несогласувањата меѓу Мишел и Фон дер Лејен

Текстот под наслов „Како ЕУ се доведува во смешна ситуација на глобалната сцена“ нагласено е дека во текот на протоколот јасно се покажала „борбата за власт“ на европските челници

Cüneyt Karadağ  | 10.04.2021 - Обновена : 11.04.2021
„Дер Шпигел“: За случајот со протоколот во Анкара виновни се несогласувањата меѓу Мишел и Фон дер Лејен

БЕРЛИН (АА) - Германскиот неделник „Дер Шпигел“ објави текст за случајот со протоколот на состанокот на челниците на Европската Унија (ЕУ) со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара, што се одржа на 6 април, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во текстот на германскиот неделник се наведува дека Турција воопшто не е виновна за случувањето во текот на протоколот што го привлече вниманието на јавноста.

Текстот под наслов „Како ЕУ се доведува во смешна ситуација на глобалната сцена“ нагласено е дека во текот на протоколот јасно се покажала „борбата за власт“ на европските челници.

„Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, при посетата на Турција е измамена. Домаќинот Ердоган не згреши, туку претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел. Видовме сцени од чудна борба за власт.“

Во текстот протоколарниот инцидент е опишан како фијаско, за кое, како што се наведува, е одговорен спорот помеѓу Мишел и Фон дер Лејен.

Уште се додава дека препирките и недоразбирањата меѓу Фон дер Лејен и Мишел траат со месеци, особено околу прашањата за надворешната политика.

Се наведува дека одговорните за протокол на Фон дер Лејен воопшто не дошле во Анкара поради пандемијата на Ковид-19, и дека наместо нив пристигнале одговорните за протокол од тимот на Мишел, кои одлучувале за самиот план на протоколот.

- Слична ситуација се случила и претходно -

Неделникот „Дер Шпигел“ наведува дека сличен случај се случил кон крајот на март по последниот виртуелен самит на Европската Унија.

Тимот на Мишел тогаш објави фотографија на која се гледа како сите 27 шефови на држави и влади стојат покрај претседателот на Европскиот совет, додека Урсула фон дер Лејен воопшто не се гледа.

- Примерна реакцијата на турската страна -

Во текстот на германскиот магазин се наведува дека и во текот на работната вечера организирана пред протоколот во Анкара е спречен сличен протоколарен инцидент.

Имено, на вечерата е забележано дека столиците на кои требало да седат Ердоган и Мишел се значително поголеми од останатите столици, што го забележал и советникот на Фон дер Лејен, за што ја известил турската страна која веднаш ја сменила столицата и обезбедила голема столица и за претседателката на Европската комисија.

Во некои кругови имаше критики поради распоредот за седење на состанокот на кој Ердоган и Мишел седеа на столици, додека Фон дер Лејен на почетокот остана да стои. Потоа ѝ беше понудено место на софата до Мишел, а Чавушоглу исто така седна на софата наспроти претседателката на Европската комисија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.