Ekipa
29 Јули 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
МОГАДИШУ (АА) - Повеќе жртви се пријавени денеска по експлозија на бомба, а на нишан се најдоа високите претставници на регионалната Влада во градот Баидоа во југозападниот дел на Сомалија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Службеникот за безбедност во Баидоа за АА во телефонски разговор изјави дека според првите извештаи, меѓу мртвите е Хасам Ибрахим Лугбур, министерот за правда на Југозападната Држава.
„Бомбата експлодира кога Лугбур ја напушти џамијата по петочната молитва“, додаде службеникот.
Според неговите зборови, најмалку седум лица се ранети во нападот и префрлени се во локалните болници.
Баидоа, најголемиот град во Југозападната Држава, се наоѓа на 245 километри југозападно од главниот град Могадишу.
Ниту една група сѐ уште не презела одговорност за бомбашкиот напад, но терористичката организација Ал-Шабаб поврзана со Ал Каеда презеде одговорност за многу неодамнешни напади во земјата на Рогот на Африка.