Marc Douglas Chenault
05 Декември 2021•Ажурирај: 06 Декември 2021
МОГАДИШУ
Најмалку пет лица, вклучително и цивили, загинаа, а повеќе од шест се ранети, кога денес експлодираше бомба во ресторан на југот на Сомалија, објавија властите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата на бомбата се случила во близина на Авдигле, 30 километри од градот Бајдоа, главниот град на провинцијата во регионот Бај.
„Бомбата е активирана со помош на далечинско“, рече Омар Махамед, полицаец во Бајдоа.
Очевидците за АА изјавија дека виделе неколку ранети цивили, меѓу кои и жена која купувала во близина.
Терористичката оргaнизација Ал Шабаб со седиште во Сомалија, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи дека војниците им биле цел.
Во октомври 2017 година најмалку 300 луѓе се убиени во напад со камион бомба во главниот град Могадишу за кој е виновна терористичката организација Ал Шабаб, што е најсмртоносниот терористички напад во историјата на Сомалија.