Vesna Besic
05 Декември 2021•Ажурирај: 07 Декември 2021
МЕКСИКО СИТИ
Луѓето го посетуваат древниот град Теотиуакан во Мексико Сити откако храмовите и пирамидите се повторно отворени за посетителите по ублажувањето на ограничувањата воведени со цел борба против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изграден е пред повеќе од илјада години пред Астеците, моќниот индијански народ што во 15 и 16 век владеел со големото царство во Јужно Мексико. Токму тие на својот јазик науатл, на ова место му го дале името Теотиуакан, што значи родно место на боговите.
Тој бил на врвот во петтиот век, откако Древниот Египет одамна пропаднал, а тогашна Грција и Рим ја изгубиле моќта.
Околу 45 километри североисточно од Мексико Сити и понатаму стојат величествените пирамиди, но никој не знае за кого биле изградени.
Првите ископувања започнаа на почетокот на 17 век, а траат и денес.