Elena Teslova
05 Декември 2021•Ажурирај: 06 Декември 2021
МОСКВА
Русија ќе започне задолжителна регистрација на отпечатоци од прсти и фотографирање на странските државјани што пристигнуваат во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Новите правила ќе стапат на сила на 29 декември според законот донесен претходно оваа година“, соопшти Министерството за внатрешни работи денес.
Помеѓу луѓето што се ослободени од биометриските барања се дипломатите на служба и луѓето со дипломатски и службени пасоши, државјаните на Белорусија, децата под 6 години, членови на канцелариите на воените аташеа, членовите на трговски претставништва и другите државни органи на странски држави.