Gamze Türkoğlu Oğuz
27 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ВЕЛИНГТОН - Соломонските Острови, што се наоѓаат во Тихиот Океан, ги потресе земјотрес со интензитет од 6,3 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 6,3 степени се наоѓа на 105 километри северозападно од градот Киракира на островот Макира.
Земјотресот бил на длабочина од околу 18 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета предизвикани од земјотресот.