Büşra Nur Bilgiç
01 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
МЕЛБУРН (АА) - Кампањата започната за собирање финансиски средства за настраданите во терористичкиот напад изведен минатиот месец во Крајстчрч, Нов Зеланд, собра речиси 9,4 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според групата „Victim Support“, од добротворната организација соопштиja дека над 95.000 луѓе од 139 земји во светот донирале во Фондот за настраданите од нападот во Крајстчрч.
Најмалку 50 муслимани беа убиени, а исто толку повредени на 15 март кога терористот, идентификуван како Брентон Тарант (28), од Австралија, влезе во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во градот Крајстчрч и ладнокрвно ги застрела верниците кои присуствуваа на петочната молитва, меѓу кои имаше и четири деца.