Servet Günerigök
28 Јули 2023•Ажурирај: 29 Јули 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а 23 се повредени од експлозија на бомба поставена во мотоцикл паркиран во близина на такси-возила во подрачјето на градот Дамаск, пренесува Анадолу.
Повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи, сириската новинска агенција САНА објави дека експлодирала бомба поставена во мотоцикл во местото Сејед Зејнаб.
Полицијата и надлежните служби се упатени на местото на настанот, се вели во соопштението.
Ниту една група не ја презеде одговорноста за експлозијата.