Can Efesoy,Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Ömer Koparan
05 Декември 2024•Ажурирај: 06 Декември 2024
АЛЕПО (АА) - АХМЕТ КАРААХМЕТ/МЕХМЕТ БУРАК КАРАЏАОГЛУ -
Силите на режимот на Башар ал Асад присилно регрутираат мажи, вклучително и малолетници, во многу делови на сирискиот главен град Дамаск, јавува Анадолу.
Неименувани извори за АА изјавија дека режимските сили вршат рации во куќи во регионите Јалда, Беит Сахм и Источна Гута во Дамаск и поставуваат контролни пунктови низ Дамаск.
Режимските сили приведуваат мажи, вклучително и малолетници, и ги носат во воените бази.
Само во Источна Гута, на овој начин се приведени и присилно се мобилизирани околу 1.700 мажи.
Истите извори јавуваат дека меѓу жителите на Дамаск владее страв и паника и дека не смеат да им се спротивставуваат на силите на Асадовиот режим. Локалните жители имаат страв да ги напуштат своите куќи освен ако е тоа апсолутно неопходно, па улиците се главно пусти.
Сирија е средиште на граѓанска војна од 2011 година, а конфликтите повторно се интензивираа кон крајот на ноември кога антирежимските групи ја презедоа контролата врз Алепо, а моментално ја заземаат Хама.