свет

Сирија: Продолжуваат интензивните воздушни напади во Идлиб

Во нападите на руските воени авиони смртно настрадаа три деца

Eşref Musa, Burak Karacaoğlu, Levent Tok  | 14.08.2019 - Обновена : 15.08.2019
Сирија: Продолжуваат интензивните воздушни напади во Идлиб

ИДЛИБ (АА) - Продолжуваат интензивните воздушни напади врз населените места во границите на зоната за деескалација во Идлиб извршени од страна на Русија, која е поддржувач на Асадовиот режим во Сирија. Во нападите на руските воени авиони смртно настрадаа три деца, пренесува Anadolu Agency (AA).

Продолжуваат копнените и воздушните напади на сирискиот режим, како и на неговите поддржувачи, во различни места во Сирија, како Хан Шејхун, Теманије, Салихије, Кеферсеџне, Медаја, Ерманаја, Кефер Зита, Латамине и Латмин.

Според информациите добиени од Опсерваторијата за авиони при опозицијата, како и од изворите на Цивилната одбрана (Бели шлемови), руските воени авиони синоќа извршиле бомбардирања во селото Саилихије во Идлиб, при што животот го загубиле три деца.

- Состојбата во зоната за деескалација во Идлиб

Идлиб, кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, од почетокот на граѓанската војна речиси е познат како кале на опозицијата. Центарот на Идлиб, чие население со внатрешната миграција достигна до 4 милиони, во март 2015 година влезе под контрола на опозицијата. Идлиб се наоѓа на чело на местата каде што режимот врши најинтензивни напади.

На состанокот во Астана одржан на 4 и 5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран го прогласија Идлиб и неговата околина за „зона за деескалација“. Турција и Русија постигнаа дополнителен договор откако силите на режимот често го прекршуваа примирјето.

Силите на режимот со поддршка на своите поддржувачи продолжуваат со нападите и покрај договорот потпишан на 17 септември 2018 година во рускиот град Сочи.

Нападите на режимот се зголемија за време на 12. самит одржан меѓу Турција, Русија и Иран во казахстанскиот главен град, Нурсултан, на 25 и 25 април, а нападите продолжуваат со ист интензитет.

Во нападите кои Асадовиот режим и неговите поддржувачи ги извршија прекршувајќи го примирјето од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан договорот за Идлиб меѓу Турција и Русија, досега се раселени над 750.000 цивили.

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во нападите кои Асад и неговите поддржувачи ги реализираа во период од 26 април до? и 27 јули во зоната за деескалација во Идлиб животот го загубија 781 цивил, од кои 208 деца и 140 жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın