Ekipa
19 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
ИДЛИБ / АНКАРА (АА) - Околу 3.700 луѓе се евакуирани од Дамаск и од Идлиб, во рамките на договорот за евакуација на луѓе од повеќе области под опсада, постигнат меѓу членовите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на АА во Идлиб јавуваат дека евакуацијата од неколку области од Дамаск започнала во утринските часови. Околу 700 цивили и војници во конвој од десет автобуси се движат од контролниот пункт на контролната точка на режимот во населбата Рамуш, во Алепо. Конвојот по контролата ќе тргне за Идлиб.
За возврат, од Идлиб се евакуирани 3.000 луѓе кои дојдоа до контролните пунктови на опозицијата во населбата Рашидин во Алепо.
Покрај тоа, се очекува дека покрај евакуираните луѓе од областа на опозицијата во Дамаск, ќе бидат ослободени 750 затвореници од притворите на режимот.
Минатата недела, во согласност со наведената спогодба беа евакуирани 7.350 луѓе од Мадаја, Забадани, Фуа и од Кефрија.
Поради притисокот на режимот за евакуација на поголем број луѓе од Фуа и Кефрија од договореното, се појавија проблеми во евакуацијата, а при чекањето на конвојот на граничните премини беше извршен бомбашки напад во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.
Евакуацијата потоа е завршена, а никој не ја презеде одговорноста за нападот којшто беше осуден од страна на сириската опозиција.
Во тек се преговорите на режимските сили и опозицијата за нови евакуации.