Ekipa
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
АСТАНА (АА) - Од 2011 година досега, за време на граѓанската војна во Сирија, уапсени се повеќе од 100.000 лица, соопшти Сириската мрежа за човекови права (SNHR), јавува Anadolu Agency (AA).
Организацијата со седиште во Лондон наведе дека од март 2011 година досега се приведени 106.727 луѓе и оти зад поголемиот дел од апсењата стои режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Оваа невладина организација тврди дека од март 2011 година, 13.104 лица биле мачени до смрт, вклучувајќи и 166 деца и 57 жени.
„Сирискиот режим е одговорен за тортура на 12.986 луѓе“, се вели во соопштението.
Извештајот беше објавен денес, кога започнува седмиот круг од сириските мировни преговори во Астана, главниот град на Казахстан.
Преговорите се водат на иницијатива на Турција, Русија и Иран, а учествуваат делегациите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, на вооружените бунтовнички групи, како и делегацијите на Обединетите нации, САД и на Јордан.