Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
03 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
ИДЛИБ (АА) - МЕХМЕТ БУРАК КАРАЏАОГЛУ/АХМЕТ КАРАХМЕТ -
Режимот на Асад, кој не успева да ги обезбеди ниту основни потреби на луѓето во сириските региони што ги држи под контрола, се обидува да излезе на крај со кризата за леб што се продлабочи во последните неколку месеци.
Режимот, кој својата државна заштеда ја потроши на војната што пред децении му ја објави на сирискиот народ, не е во можност да одговори на основните потреби на луѓето што живеат во регионите кои потпаднаа под контрола на режимот.
Новинарот на АА од доверливи извори дознава дека многу пекарници во населените градови, како што се Дамаск, Алепо, Хомс и Хама, поради кризата во набавката на гориво и пченица беа принудени да престанат со работа.
Луѓето што живеат во регионите кои се под контрола на режимот со часови чекаат во долгите редови пред пекарниците за да можат да им однесат леб на своите домашни.
Плодната сириска земја и подрачјето богато со нафта се под окупација на терористичката организација ПКК/ПЈД, поради што режимот се соочува со проблеми во набавката на нафта и пченица.
Кризата со набавката на брашно се продлабочи кога режимот не беше во можност да го плати долгот на руските фирми од кои набавуваше пченица, што доведе до раскин на договорот меѓу режимот на Асад и шест руски фирми.
Луѓето кои се соочуваат со финансиски потешкотии додатно се загрозени поради тоа што лебот што се произведува во пекарниците што работат со ограничен капацитет го одзема милитантниот одред Себиха, кој го продава на црниот пазар.
Цената на лебот во половината на 2020 година изнесуваше 200 сириски лири, додека денес на црниот пазар се продава за девет пати поскапа цена, односно за 1.800 сириски лири.
Екипата на АА го сними големиот број жени, деца, стари и млади, кои во центарот на Алепо, што е под контрола на режимот на Асад, чекаат во долги редови пред пекарницата.