свет

Пет студенти починаа паѓајќи од четвртиот кат на универзитет во Боливија

- Во јужноамериканската држава Боливија пет студенти ги загубија животите, а тројца се повредени поради паѓање од четвртиот кат откако се урнала заштитната ограда на еден државен универзитет

Sinan Doğan  | 03.03.2021 - Обновена : 03.03.2021
Пет студенти починаа паѓајќи од четвртиот кат на универзитет во Боливија

БОГОТА 

Во јужноамериканската држава Боливија пет студенти ги загубија животите, а тројца се повредени поради паѓање од четвртиот кат откако се урнала заштитната ограда на еден државен универзитет, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во боливиските медиуми, за време на настан, што се одржувал во студентскиот центар, се скршила заштитната ограда од четвртиот кат на еден универзитет.

При уривањето на заштитната ограда, од четвртиот кат паднале 8 студенти, од кои пет ги загубиле своите животи, а тројца се повредени и префрлени во болница, каде што трае нивниот болнички третман.

Претставниците на власта соопштија дека е започната истрага во врска со настанот.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.