Şerife Çetin
03 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни на Грција, Никос Дендиас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од дипломатските извори, Чавушоглу овој телефонски разговор ја оствари заедно со министерот за надворешни работи на Грузија, Давит Залкалиани, кој се наоѓа во официјална посета на Анкара.
Се истакнува дека е разговарано за земјотресот кој се случи денес во Грција, при што била изразена солидарност со Грција.
Исто така, во разговорот е упатена порака дека се подготвени за помош доколку има потреба.
Земјотрес со јачина од 5,9 степени денес го погоди грчкиот град Лариса.